На Крит уапсен припадник на Хамас, признал дека планирал напади
Грчките власти уапсија 37-годишен маж на Крит под сомнение за активности поврзани со тероризам. Тој им рекол на истражителите дека е припадник на Хамас и дека е поврзан со двете лица уапсени неколку дена претходно во Кипар кои планирале напади на цели поврзани со Израел. Уапсениот потекнува од Газа и во Грција престојувал легално како сезонски работник










