Професорката Светлана Мојсов меѓу лауреатите на Кралската награда „Фајсал“ за 2026
Професорите Светлана Мојсов и Карлос Кениг се меѓу добитниците на Кралската награда „Фајсал“ што се доделува во Саудиска Арабија. Лауреатите беа соопштени деновиве во метрополата Ријад. Мојсов е добитничка на Кралската награда за медицина за 2026 година, за нејзините револуционерни откритија кои го менуваат начинот на лекување на дебелината. Кениг

