Земјата од каде што доаѓаат најбрзите луѓе на светот може да стане и кошаркарска велесила
Кошаркарска репрезентација на Јамајка наскоро би можела да стане исклучително конкурентна на светската кошаркарска мапа бидејќи планира да покани дури десетмина НБА-играчи во својата репрезентација. Кошаркари како Норман Пауел, Аусар и Амен Томпсон веќе се дел од проект што би можел значително да го подигне квалитетот на оваа карипска национална селекција





