„Пркосните 12“ го отвораат Маалски фестивал 5.0: Фотографија како простор за заедништво и креативност
Јубилејното петто издание на Маалски фестивал започнува вечерва со отворањето на изложбата „Пркосните 12“, која претставува резултат на тримесечен инклузивен фотографски процес во кој учесниците преку уметноста градеа нови пријателства, доверба и креативни врски. Изложбата ќе биде отворена денеска, 12 јуни, во 20 часот во КСП Центар – Јадро во Скопје,



