Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ донесе антидемократска резолуција за пресметка со опозицијата
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, вели дека новоизгласаната резолуција на ВМРО-ДПМНЕ е неуставен обид за политичка пресметка и замолчување на опозицијата. Според Тренчевска, главната цел на оваа,како што рече, антидемократска резолуција, е дефокусирање на јавноста од договорот со Велика Британија и вели дека власта крие детали за прифаќањето










