Објавен првиот том од првиот македонски етимолошки речник
Во издание на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, деновиве е објавен првиот том од првиот Македонски етимолошки речник – капитално научно дело кое за првпат систематски го обработува потеклото и развојот на македонските зборови. Првиот том ги опфаќа зборовите од А до Ж и нуди детална етимолошка анализа, со осврт на историските, дијалектолошките







