Лишени од слобода четири лица за семејно насилство во последното деноноќие, вкупно седум пријавени случаи
На 06.04.2026 во 16:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(53) од Скопје, затоа што околу 14:30 часот со секира ги кршел прозорците од домот, а потоа со нож му се заканувал на неговиот 21-годишен син. Откако пристигнале полициските службеници, тој со нож замавнувал кон нив и им упатувал










