Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
Нападнати се објекти во областите Дњепропетровск, Ивано-Франковск и Лавов. Халушченко информираше дека во нападот е оштетена енергетската опрема, а најмалку еден работник е повреден. Тој на својот канал во апликацијата „Телеграм“ напиша дека сега се откстрануваат последиците од нападот.