Автобус излетал од патот во близина на Стенче
Автобус излетал од патот денеска околу 13:30 часот во близина на Стенче, објави Тетово Инфо. Според првичните неофицијални информации, автобусот во моментот на незгодата бил празен и во него немало патници. Засега нема официјални информации за причините за незгодата, како и за евентуално повредени лица.








