Кавадарчанец приведен по пријава дека ја нападнал вонбрачната сопруга со тврд предмет
Триесет и двегодишен кавадарчанец е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата 34-годишна вонбрачна сопруга, при што употребил и тврд предмет. Полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле С.М. (32) вчера, 9 октомври, во 11:20 часот во Кавадарци. Тој бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител.





