Велосипедска тура во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“
Велосипедска тура во чест на загинатите и на повредените во трагедијата во Кочани ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот. Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши повторно во Паркот на Револуцијата









