Охрид го сруши Олимпијакос среде Грција!
Ракометарите на ГРК Охрид направија сигурен чекор кон полуфиналето во Европскиот ЕХФ куп, откако во првиот четвртфинален натпревар, на гости во Атина, го совладаа Олимпијакос со 31:26. Охрид покажа класа, водеше во текот на целиот меч и со тоа обезбеди значајна предност пред реваншот на домашен терен. Охриѓани првпат се одлепија на три голови разлика










