Еден месец по невремето уште има паднати дрвја низ Скопје, од градот велат отстранети се 278
Еден месец по невремето кое на 19 јули го зафати Скопје, низ градот уште има паднати дрвја. Тие не се расчистени туку стојат откорнати и паднати. На некои локации дрвјата се исечени на парчиња, но не се тргнати. Во Општина Карпош ,каде имаше најголеми штети од невремето, сè уште на повеќе локации стојат паднати дрвја. Паднати дрвја има и во парковите



