Романот „Тони“ на Румена Бужаровска објавен на француски во издание на „Галимар“
„Тони“, првиот роман на македонската писателка Румена Бужаровска, денеска е објавен на француски јазик во издание на „Галимар“ од Париз, еден од најреномираните издавачи во светот. Романот е во превод на Клое Бијон, а по збирките раскази „Мојот маж“ (2022) и „Не одам никаде“ (2025), ова е трето дело на Бужаровска што е објавено од „Галимар“, издавач




