Хаос на улиците во Тирана: Полицијата со солзавец и водени топови против демонстрантите, Рама обвинува за обид за насилно уривање на власта
Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во албанската престолнина Тирана, каде што осми ден по ред продолжуваат антивладините протести. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера насобраните граѓани, додека тензиите на улиците не стивнуваат. Протестите, во кои учествуваат средношколци и студенти, започнаа со барања за намалување









