Лалињата брзо ви венат? Овие трикови навистина помагаат
Лалињата се меѓу најомилените пролетни цвеќиња, но и меѓу оние што најбрзо ја губат свежината во вазна. Добрата вест е што не ви треба ништо посебно за да траат подолго. Понекогаш доволни се неколку мали навики што прават голема разлика. Првото правило е едноставно: лалињата сакаат ладна и свежа вода. Таа им помага подолго да останат цврсти и го забавува

