Осум наслови во потесен круг за наградата за најдобро прозно дело на ДПМ
Членовите на анонимните жири-комисии задолжени за изборот на добитниците на петте традиционални годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија ги дадоа своите први гласови за пристигнатите дела на конкурсот. Од вкупно 17 дела во трка за наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025 гoдина, во полуфиналниот круг

