Куќата на Робевци не е само симбол на Охрид, таа е приказна за градот врежана во архитектурата
Куќата на Робевци во Охрид претставува еден од најзначајните симболи на македонската градска архитектура од 19 век и денес функционира како дел од Националниот музеј. Изградена во 1827 година од богатото трговско семејство Робевци, куќата била показател на нивниот општествен и економски статус, но и на развојот на Охрид како трговски и културен центар

