Претседателот на Ал-Хилал не можеше да ги сокрие солзите по победата над Манчестер сити
Ал-Хилал со победата над Манчестер сити во осминафиналето од Светското клупско првенство, го постигна веројатно најголемиот успех на клупски план во Саудиска Арабија. Тоа можеше да се забележи и на лицето на претседателот на клубот, Фахад бин Нафел, кој по завршувањето на натпреварот беше снимен на трибините како плаче од среќа после големата победа