Сирени се огласија во воздухопловната база Инџирлик, во Турција, што ја користи НАТО
Сирени се огласија рано утринава во воздухопловната база Инџирлик, која ја користи НАТО, во покраината Адана во југоисточна Турција, јави турската агенција Анадолија. Агенцијата не го прецизираше времето на инцидентот и не беа објавени други детали. Според други турски медиуми, сирените се огласија во Адана околу 3:25 часот утрово и траеја пет минути









