Колку заработуваат моделите на „Victoria’s Secret“? Хонорарите достигнуваат милиони долари
Зад гламурозните ревии на модниот бренд „Victoria’s Secret“ се кријат високи хонорари, но заработката значително се разликува од модел до модел. Додека некои добиваат надомест за едно појавување на пистата, најпознатите имиња во модната индустрија склучуваат повеќемилионски договори што опфаќаат рекламни кампањи, фотосесии и промотивни активности.






