Државата Треба да се плаши од народот, а не обратно, рече Бубо Каров на премиерата на документарецот за „К-15“
Фановите на триото „К-15“ се дружеа со ликовите од популарната хумористична серија по премиерата на документарниот филм „К-15: Од другата страна“, која се одржа вчера (5 декември) во Македонскиот народен театар (МНТ). Филмот е емотивна приказна со препознатливиот хумор на Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки за феноменот на „К-15“, и скечевите


