ВМРО-ДПМНЕ избра нов портпарол и нови претседатели на општински комитети
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата, а за нов портпарол е избран Валентин Манасиевски. Од партијата велат дека дел од избраните се нови лица кои треба да внесат „свежина“, а дел се актуелни претседатели кои, според ВМРО-ДПМНЕ, оствариле големи победи





