„Срцевина“ од Архангел за скопската публика; Концерт на легендарниот рок бенд на 13 јуни на Стадионот на АРМ
„Срцевина“ е насловен големиот концерт кој денес го најави легендарната македонска рок група „Архангел“, а ќе се одржи на 13 јуни на Стадионот на АРМ. На концертот „Срцевина“ Архангел ќе ги изведе песните што со години се дел од колективната меморија на неколку генерации, но и нови композиции што го најавуваат претстојниот албум. На денешната прес-конференција









