Три недели по силното невреме во Скопје: Паднато дрво сè уште ја блокира пешачката патека во Паркот на новинарите
Поминаа цели три недели од силното невреме што го зафати Скопје, а последиците и понатаму сведочат за бавната реакција на надлежните општински и градски служби. Во Паркот на новинарите, кој се наоѓа спроти поранешната зграда на „Нова Македонија“, огромно паднато дрво сè уште целосно ја блокира пешачката патека, оневозможувајќи го нормалното и безбедно


