На 27 ноември во КИЦ се отвора изложбата „Одрази“ На Фидановски и Рашковиќ
На 27 ноември во 19 часот во Културно информативниот центар (КИЦ ) во Скопје, ќе се отвори изложбата на порцелански кукли „Одрази“. Автори се керамичарот Филип Фидановски (порцелан) и модниот дизајнер и костимограф Александар Рашковиќ (костим). На изложбата ќе бидат претставени 16 порцелански кукли. Изложбата ќе ја отвори проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева









