Света Софија ги пречека младите виртуози: Успешно заврши 17-то издание на летниот музички семинар во Охрид
Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика во Охрид заврши со концерт на учесниците во црквата „Света Софија“, во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Под уметничко раководство на македонскиот виолинист Емилио Перцан и пијанистката Тамила Гулијева, 11 млади музичари од Украина, Словенија, Перу, Србија, Македонија и Ерменија ги презентираа










