Жестока тепачка меѓу хирурзи во клиника во Приштина
Двајца хирурзи се истепале на Клиниката за детска хирургија во Приштина, откако претходно влегле во жестока расправија за време на состанок. Според информациите, вербалниот судир меѓу лекарите брзо ескалирал и продолжил во ходникот на клиниката, пред очите на нивните колеги и медицинскиот персонал. Присутните, затекнати од ситуацијата, првично биле






