Северна Кореја испука балистичка ракета
Северна Кореја испука денеска балистичка ракета во морето покрај источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопштија јужнокорејските и јапонските власти. Лансирањето се случи неколку дена пред заедничките воени вежби меѓу Сеул и Вашингтон. Јужнокорејските и јапонските одбранбени власти објавија дека ракетата прелетала околу 700 километри, а двете земји








