ССМ: За три месеци животот поскап за околу 2.500 денари, тие минималната плата ќе ја усогласувале за 1.667 денари
Синдикалната кошничка повторно порасна. Според пресметките на ССМ, животот станува сè поскап, а платите сè потешко го следат тој раст. За едно четиричлено семејство, за основни трошоци се потребни 67.818 денари, а доколку се додаде и кирија, сумата оди и над 80 илјади денари месечно. Само за еден месец, кошничката е зголемена за 436 денари, а од почетокот










