Храната со вештачки бои се поврзува со хиперактивност и развојни проблеми кај децата
Иако во Европската Унија се веќе забранети голем број контроверзни адитиви, многу производи со вештачки бои сѐ уште можат да се најдат на полиците, особено оние увезени од САД или други земји. Многу истражувања ги поврзуваат боите Црвена 40, Жолта 5 и Сина 1 со хиперактивност, нарушување на вниманието, а при поголеми дози дури и со оштетување на имунитетот