Кај Апелациониот судија Ѓоко Ристов истражителите нашле соѕидани 350.000 евра од мито, ѕидовите во домот уште се прекопуваат во потрага по други пари
Обвинителството и МВР му фатија 350.000 евра на судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд во Скопје кои биле соѕидани во ѕидот на куќата на неговите повозрасни родители во Неготино. Но, ѕидовите и натаму се прекопуваат, се бараат уште пари на Ристов, за кого со години граѓани, но и негови колеги зборуваат дека зема мито од странки за да ги ослободува








