Жена во погонот Челичарница на Макстил: Како изгледа да се успее во една од „најмашките“ индустрии?
Интервју со Александра Јанушевска, електроинженер во Макстил Знаењето е основен столб на мојата работа, без него, невозможно е да се одговори на динамиката, комплексноста и техничките предизвици што ги носи современата индустрија. Во средина како Макстил, каде технологијата и дигитализацијата се развиваат со исклучително брзо темпо, од пресудна важност

