Герасимовски: Во понеделник со музика и сеќавања го чествуваме роденденот на големиот Горан Стефановски
Општина Центар в понеделник, на 27 април, со почеток во 17:00 часот, ќе организира културен настан кај спомен-клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало, посветен на роденденот на еден од најзначајните македонски драмски автори. Настанот има за цел да го одбележи неговото творештво и неизбришливата трага што ја остави во македонската култура. Градоначалникот







