САД веднаш ќе започнат со блокада на Ормускиот Теснец, рече Трамп по неуспешните преговори со Иран
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека американската морнарица веднаш ќе започне со блокада на Ормускиот Теснец и ќе забрани влез на секој брод во меѓународните води што платил данок на Иран. Трамп ова го изјави во долга објава на Трут соушал, неколку часа откако мировните преговори меѓу САД и Иран во Пакистан завршија без договор. Трамп





