„Мајка Храброст и нејзините деца“ го затвора јубилејниот 50. МОТ
Со изведбата на „Мајка храброст и нејзините деца“ од Бертолд Брехт , во режија на Дејан Пројковски, вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар официјално се затвора јубилејното 50. издание на Млад отворен театар (МОТ) . Овој антивоен класик, поставен во продукција на Новосадскиот театар – УКЦС, претставува трето соработничко остварување на









