Левица: Мицкоски тврди дека економијата е многу, многу постабилна, а секое трето дете живее во сиромаштија
Владата на Мицкоски се фали со економска стабилност и раст на БДП од над 3,5%, со раст на извозот од 11,5% и увозот од 8,5%. Но, додека Владата зборува за проценти, 22% од граѓаните живеат под прагот на сиромаштија, а речиси секое трето дете живее во сиромаштија. Дури 38% од децата живеат во услови ризични за нивното здравје, учење, безбедност и развој









